loading
blog-image

Друштво за видео и аудио продукција СУПЕР ПРОДУКЦИЈА БТР ДООЕЛ Скопје (СП БТР) работејќи во служба на Ромската заедница заедно со Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија, која е и главна целна група, реализира проекти кои ги покриваат сите области на општествениот живот, настојувајќи да даде свој придонес во унапредувањето на севкупната положба на Ромите во Македонија. 

Меѓу другото, Супер Продукција БТР посветува особено внимание на зачувувањето и афирмирањето на Ромската традиција и култура. Во тој контекст, Супер Продукција БТР остава свој, специфичен печат, како организатор на повеќе (традиционални) културно-уметнички настани, на национално и меѓународно ниво.

Супер Продукција БТР особено се гордее со организацијата на Ромскиот Филмски Фестивал “Златно тркало”, кој го презема во целост од ТВ БТР Национал.

Првиот Ромски Филмски Фестивал се одржа во 2002 година и тоа беше прв филмски фестивал посветен на Ромската продукција. Специјален гостин на Фестивалот беше Јуџин Чаплин, син на легендарниот Чарли Чаплин. Од 2004, фестивалот продолжи да се одржува како традиционален настан, секоја година.

Може да се спомене и драгоценото искуство кое СП БТР го наследи од ТВ БТР, а кое телевизијата го има стекнато со учество на други меѓународни фестивали. Еден од најголемите успеси е Втората награда, освоена за документарниот филм “Што е тоа детство”, во конкуренција на повеќе од 100 филмови, прикажани на Фестивалот “Златен питач”, во Кошице-Словачка, во 2000 год.

Во средината на 2012 година, за неполн месец, ТВ БТР освои две гран при награди на два реномирани филмски фестивали и тоа на фестиалот “Golden Begar” или Златен питач во Словачка освои гран при за документарниот филм “Рециклаторот” во продукција на ТВ БТР посветен на еден од најголемите прашања а тоа е невработеноста која владее општо во Македонија, а најмногу се погодени и припадниците на најранливата група т.е. Ромите, а само една недела подоцна и гран при награда од фестивалот за радио и ТВ програми во организација на Радио Тренд од подунавскиот регион во Србија за документарниот филм посветен на големата ѕвезда од ромска националност, боксерот Вели Мумин “Атомска мравка “.Во 2014 снимен е документаерн филм ,, Пожарникарот Муци,,. Во 2015 во копродукција со Клук продукцион од Чешка изработен е документарен филм ,, Јас работам зелено, сега е на тебе редот,,. Во 2017 година работено е на долгометражен документарен филм ,,Локални херои-светски таленти,, за кој е во март 2018 прикажана и прва премиера во кинотека на Македонија, потоа беше на уште шест меѓународни фестивали а награда освои на пет фестивали од кои во Кошице – Словачка во јуни 2018 освои почесна награда од жирито, на Профест Бачка Топола во Р. Србија освои гран при,а во другите три фестивали доби диплома за зачувување на културно наследство и традиција.

Во 2019 година отпочна со снимање и реализација на долгометражен документарен филм ,,Небо-точак-земја,, за кој во септември 2020 е одржана и првата премиера

Ова вреди да се спомене бидејќи СП БТР има одлична професионална соработка со Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија како и други продукциски куќи и физички лица и заедно работиме на многу полиња. Во рамките на проекти во последни две години може да издвоиме снимени кратки документарни филмови со наслови : ,,Мапирање на разликите во домувањето за Роми„ , ,, Корупција во казнено-поправниот систем, низ призмата на поранешно осудени лица,, , ,,Идентификување на лица без изводи од матична книга на родени во Топаана и Чаи,, , ,,Моето образование денес , за подбро утре!„

Како и видео кампања клип во должина од максимум 60 секунди за потребите на проект “Идентификување на лица без изводи од матична книга на родени во Топаана и Чаир” , спот под наслов "Почитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница", „Учиме заедно„ , „Надвор од кругот, невидливи за општеството„




Категории